Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Младите од Република Македонија дел од интернационалното жири на „Џифони Албанија“

17/11/2015

И оваа година младите од нашата земја ќе бидат дел од интернационалното жири на десеттото јубилејно издание на Филмскиот фестивал „Џифони Албанија’’ кој што ќе се одржи во период од 17ти до 22ри ноември во Република Албанија. Виктор Васев, Јана Ангеловска, Павел Тодоровски и Драгана Ацовска се македонските претставници во рамките на „Џифони Албанија’’.

Преставници од средните училишта во текот на шест дена ќе имаат можност да проследат бројни филмски проекции, да зборуваат за филмското искуство со специјалниот гостин италијанскиот актер Giulio Berrutti и другите филмски работици од Република Албанија како и ќе имаат простор за меѓусебно дружење и споделување на сопствените фестивалски искуства. За време на фестивалските денови се предвидени и две екскурзии во Драч и Круја со цел младите подобро да се запознаат со албанската култура и знаменитости.

Присуството на нашата млада делегација е  благодарение на континуираната соработка и остварените проекти под брендот “Џифони” помеѓу Агенцијата за филм на Република Македонија и Giffoni Experience, Италија, а во организација на Здружението за ширење на филмска култура Џифони М.