Македонскиот филм „Исцелител“ селектиран на престижниот филмски фестивал Санта Барбара во Калифорнија

02/02/2018

 

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе ја има својата премиера во Соединетите Американски Држави на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија. Филмот ќе се прикажува во компетитивна селекција на интернационални филмови заедно со уште 11 филма.

Премиерното прикажување ќе биде на 1-ви февруари, а филмот ќе има уште две проекции во текот на фестивалот.

Ова е 32-ро издание на SBIFF, интернационалниот филмски фестивал, Санта Барбара. Со своите активности тој последните години е еден од водечките филмски фестивали во Соединетите држави, кој нуди дела од независната и интернационална кинематографија и привлекува повеќе од 90,000 гледачи.

Повеќе информации за учеството на филмот на фестивалот во Санта Барбара има на следниот линк: http://schedule.sbiff.org/films-events/22793027