Македонскиот филмски проект „Стела“ селектиран на Cinekid Script LAB

06/09/2017

 

Македонскиот игран филм во развој „Стела“ е еден од 13 селектирани филмски проекти наменети за деца, кои ќе земат учество на Cinekid Script LAB.

Во текот на месец октомври, во Холандија, Cinekid го организира детскиот филмски фестивал Cinekid - Film, Television and Digital Media Festival, кој оваа година ќе го има своето 31 издание.

„Стела“ e прв проект од поширокиот регион до сега, кој што е селектиран за учество на Cinekid Script LAB.

Продуцент на филмот „Стела“ е Дрим Фектори и Огнен Антов, зад сценариото се потпишува сценаристката Ева Камчева, а режијата е на Стојан Вијуичиќ.

Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.