Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонски филмови на Европскиот филмски маркет

20/02/2018

Оваа година во организација  на Агенцијата за филм на Европскиот филмски маркет во Берлин во рамките на Берлинале беа претставени три нови македонски филмови пред филмските професионалци, копродуценти и фестивалски селектори.

Драмата „Враќање“ кој е прва македонско-косовска продукција, во режија на Кастриот Абдили се прикажа на 18 фебруари (недела) со почеток од 14:00 часот во  Zoo Palast Club B ;

Првото долгометражно остварување на режисерката Марија Џиџева, „Втора шанса“ со работен наслов „Жртва“, кој е копродукција меѓу Македонија и Србија имаше проекција на 18 фебруари (недела) со почеток од 14:35 часот во Zoo Palast Club A ;

Филмот „Сведок“ во режија на Митко Панов,  исто така беше прикажан на 18 фебруари (недела) со почеток од 17:00 во Zoo Palast Club A. „Сведок“е направен во швајцарско-македонско-ирско-хрватска копродукција, која собра вистинска интернационална екипа, каде што имаше учесници и од Бугарија, Франција и од Германија.

Европскиот Филмски Маркет се организира секоја година во рамките на Интернационалниот Филмски Фестивал во Берлин и секогаш е посетен од страна на голем број продуценти, дистрибутери, финансиери и фестивалски селектори од целиот свет. Овој маркет важи за еден од најзначајните меѓународни собири во филмската индустрија.