Македонски филмови во Утрехт, Холандија

26/10/2011

Во период од 26 до 30 Октомври во Утрехт, Холандија ќе се одржи новото издание на  Eastern Neighbours Film Festival.  На фестивалот се прикажуваат филмови од земјите од Југоисточна Европа. Од Македонија ќе бидат прикажани три филма, „Мајки“ во режија на Милчо Манчевски, „Војната заврши“ во режија на Митко Панов и документарниот „Шнајдерки“ во режија на билјана Гарванлиева.

Фестивалот се одржува по четврти пат и ги претставува моментните случувања во земјите од регионот изразени преку филм. Целта на Фестивалот е да го доближи регионот до холандската јавност преку претставување на атрибутите од земјите кои сé уште не се членки на ЕУ. Преку проекциите на филмовите од овој регион локалната публика доаѓа до повеќе сознанија за менталитетот и историјата на овие земји.

 

Дневник: Македонски филмови на фестивалот „Источни соседи“ во Холандија

Вест: Mакедонската кинематографија на Филмскиот фестивал во Утрехт

Вечер: Македонски филмови во Холандија

Сител: Македонски филмови на фестивал во Холандија

МРТ: Презентација на македонската кинематографија на Филмскиот фестивал во Утрехт

Алфа ТВ: Македонски филмови на фестивалот „Источни соседи“ во Холандија

МИА: Презентација на македонската кинематографија на Филмскиот фестивал во Утрехт

Журнал: Филмски фестивал „Источни соседи“

Мак Факс: Три македонски филма на фестивал во Утрехт

Плус Инфо: Три македонски филмови на Филмскиот фестивал во Холандија

Револуција: Македонија на „Источни соседи“

Фортуна радио: Mакедонската кинематографија на Филмскиот фестивал во Утрехт