Македонски филмови во фокусот на Филмскиот фестивал за краток филм во Гренобл

27/06/2016

 

 

Македонија и македонските филмови ќе бидат во фокус на 39. издание на Меѓународниот филмски фестивал на краток филм во Гренобл, Франција, кој се одржува во периодот 05-10 јули.

Во рамките на програмата “A la carte blanche”, на 07. јули ќе бидат прикажани следниве краткометражни /анимирани филмови: „Внатре“ во режија на Иван Ивановски, „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија, „Алерик“ на Вук Митевски, „Бардо“ на Марија Апчевска, „Кружното патување на Марето“ на Жарко Иванов и „Шумарот“ во режија на Изер Алиу.

Филмовите се подржани од Агенцијата за филм на Република Македонија.