Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонско учество на 71-виот Кански Фестивал

09/05/2018

 

Агенцијата за филм на РМ со големо задоволство ве информира за македонското учество на 71. издание на Канскиот филмски фестивал.

Малцински македонски филм во официјалната програма, четири нови остварувања на филмскиот маркет, објава во „Холивуд рипортер“, промоција на потенцијални локации за снимање, потпишување договори за соработка со соседните филмски центри.

Со еден филм во официјалната компетитивна програма, со четири најнови остварувања што ќе бидат прикажани на филмскиот маркет, како и со неколку значајни промотивни активности, македонската кинематографија ќе биде дел од збиднувањата на 71. издание на престижниот Кански филмски фестивал, чиј почеток беше означен на 8ми мај со свечениот церемонијал.

Очите на светската филмска елита во следните десет дена ќе бидат вперени во француската престолнина на филмот, а Агенцијата за филм за годинава подготви достојна редизајнирана презентација со многу значајни активности, кои ќе бидат сериозна шанса за промоција на домашната кинематографијата и ќе ги отворат вратите на македонските филмаџии за пробив на европскиот и светски пазар.

По деветти пат Македонија ќе учествува на филмскиот маркет во Кан со свој промотивен штанд во рамките на Павилјонот на земјите од  Југоисточна Европа - SEE Pavilion no. 135 (заедно со уште седум земји од регионот, и тоа Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Кипар).

Како што веќе информираше Агенцијата за филм, во официјална фестивалска конкуренција ќе се прикаже филмот „Дивата круша“ во режија на Нури Билге Џејлан (копродукција меѓу  Турција, Франција, Германија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Шведска). Фестивалската проекција е закажана за 18 мај во 18:00 часот во салата Grand Thatre Lumiere, а проекциите кои се организирани за новинарите ќе се одржат во салата Debussy во 18:30 (press) и во салата Bazin со почеток во 18:45 (press)

На филмскиот маркет ќе се прикажат два најнови филма, и тоа „Хепинес ефект“ во режија на Борјан Зафировски (проекција на 14 мај со почеток во 9:30 часот во PALAIS B) и „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски ( проекција на 14 мај со почеток во 12:00 часот во PALAIS C)

Освен долгометражните, на маркетот за краткометражни филмови SHORT FILM CORNER ќе учествуваат краткомeтражните филмови „Една“ во режија на Вук Митевски и „Готлиб“ во режија на Крсте Господиновски. 

„Филмот е најсилниот културен медиум и затоа сметаме дека неговата видливост на најзначајните филмски смотри во светот треба да биде максимално искористена за достојна презентација. Во изминатиов период активно работевме да подготвиме модерна и атрактивна промоција на македонскиот филм во Кан. Селекцијата на филм со македонско малцинско учество во главната конкуренција, е голем успех, но и другите проекции на филмскиот маркет не се помалку значајни. Иднината на малите кинематографии е во копродукциските проекти, а меѓу силната конкуренција во светот можеме да парираме само со добро организирана промоција за која годинава особено се потрудивме и внесовме многу новини“.  

На 9-ти мај, во дневните изданија на списанието „Холивуд рипортер“ Агенцијата за филм закупи простор за објава со која ќе се направи промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови.

За  унапредување и подобрување на активностите за промоција на Македонија како дестинација за снимање, Агенцијата за филм подготви и посебна веб-страница www.filmingmacedonia.com за која посебно беа изработени промотивни слајдови со фотографии од најатрактивни локации за снимање. Оваа страница е отворена непосредно пред почетокот на фестивалот.

Освен рекламата и промоцијата на новиот веб-сајт www.filmingmacedonia.com и локациите во Македонија, Агенцијата за филм закупи простор во „Холивуд рипортер“ на 11 мај за  честитка на целата екипа на „Дивата круша“  за успехот што го оствари и е дел од официјалната конкуренција на фестивалот.

За време на фестивалот е предвидено Агенцијата за филм на Македонија да  потпише и договор за меѓусебна соработка на полето на остварување копродукција со Косовскиот филмски центар, а додека врз основа на претходни договори со Бугарскиот филмски центар исто така подготвен е текст за потпишување договор за меѓусебна соработка на полето на остварување копродукција. Договорот од страна на двете институции ќе биде конечно дефиниран, а АФРМ во изминатиов период преку Министерството за надворешни работи почна постапка за верификација.

Изготвен е и краток трејлер за сите филмови кои се не фестивалот а се поддржани од АФРМ. 

Агенцијата за филм напорно работеше да обезбеди состаноци на потенцијални копродуценти на проектите веќе одобрени од страна на АФРМ, како и да овозможи присуство на неколку продуценти од Македонија кои имаат активни филмски проекти на копродукцискиот настан Roma Lazio Film Commision, каде што ќе имаат шанса да остварат средби со други продуценти учесници на настанот со цел остварување соработка.

Како промотивен материјал за маркетот подготвени се каталози со податоци за македонски филмови кои се во развој, оние кои се веќе завршени, но и за  оние кои се во одредена фаза на  реализација и придружен промотивен материјал кој ќе биде дел од промотивниот штанд на маркетот.