Македонски проекти на Балкан Филм Маркет

09/10/2017

 

Во периодот од 2 до 7 Октомври 2017, во Тирана, Р. Албанија се одржа првиот Балкански Филмски Маркет, на кој што се реализираа две програми за филмски професионалци, „Pitch Balkan“ и „Albascript Plus“, а беа презентирани и аплицираните проекти за малцински ко-продукции со Р. Албанија.

Целиот настан беше придружен со паралелна програма од панел дискусии на која што учествуаат филмски професионалци, како и претставници на филмските центри, фондови и агенции од регионот.

Настанот започна на 2 Октомври со Регионалниот МЕДИА митинг, посветен на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, на кој што учествуваа претставници на канцелариите на Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Хрватска и Бари, Италија.

Во рамките на програмата „Pitch Balkan“, која е неменета за регионални автори кои работат на развој на нивниот прв или втор игран или документарен филм, учествуваше проектот „Снежана умира на крајот“, кој што го претставија режисерот Кристијан Ристески и продуцентот Дарко Попов, и кој што ја освои наградата за најдобар пичинг.

На работилницата „Albascript Plus“ учествуваа долгометражни и кратки играни филмови на филмски автори од балканскиот регион, на кои низ петдневна работилница на сценаристите им се нуди можност интензивно да работат на своите сценарија во средина структурирана за да ја поттикне регионалната соработка и развојот на квалитетот. Дел оваа работилница беа проектот „Бункер“ по сценарио на Марко Црногорски и Јана Пауновска, како и краткиот филм „Поштата“ на Кирил Максимовски.

Во делот на проекти кои аплицирале за малцинска ко-продукција со Албанија, беа претставени „Лена и Владимир“, на Игор Алексов, „Можеби“, на Кастриот Абдули, „Здивот на Ангелот“, на Јани Бојаџи и „Хепинес Ефект“ на Борјан Зафировски.