„Волшебниот Рид“ во официјална конкуренција на фестивал во Милано

12/10/2011

Документарниот филм „Волшебниот Рид“ во режија на Петар Џуровски е одбран во интернационална официјална конкуренција  на Меѓународниот филмски фестивал  I’ve Seen Films - Милано, Италија и ќе биде прикажан во среда  12ти Октомври.
Фестивалот се потпира на престижно меѓународно жири составено од  Ridley Scott, Miranda Richardson, Joan Chen, Maurizio Nichetti, Paul Verhoeven, Robert Rodriguez, Charlotte Rampling, Bill Bristow, Giacomo Arrigoni, Francesca Sassoli and Rutger Hauer. На Фестивалот ќе бидат прикажани  кратки филмови, документарни филмови, анимации и експериментални дела, првенствено од страна на млади режисери.
Ова е втор фестивал во Италија каде „Волшебниот Рид“ е во официјална конкуренција. Минатата година беше во официјална селекција на 21то издание на Традиционалниот филмски фестивал во Роверето. Оваа година во аплрил беше прикажан и во Париз на SEE a Paris South-East European Film Festival.

 

Повеќе за „Волшебниот Рид“