Отворен конкурс за работилница за Маркетинг и Дистрибуција

20/05/2013

 

Конкурсот за работилницата на тема „Маркетинг и Дистрибуција„ која ќе се одржи во периодот од 20 септември до 4 октомври во Дубровник, Хрватска е официјално отворен.

Програмата е наменета на млади, надежни европски филмски и телевизиски продуценти или дипломирани студенти на отсекот продукција, како и сценаристи, режисери, продукциски менаџери заинтерсирани за збогатување на своите продукциски вештини.

Работилницата е отворена за апликанти од земјите од источна Европа и средоземјето, со ограничен број на места за кандидати од земјите надвор од Европската Унија. Програмата има за цел да ги усоврши нивните креативни и менаџерски вештини со цел успешен развој на нивните долгометражни и документарни проекти преку комбинација од истражувања, теоретски предавања и практични вежби на проектите, бројни состаноци со предавачите и проширување на контактите.

Работилницата е отворена за 20тина кандидати со или без проект во развој(документарен или долгометражен филм). Официјален јазик на работилницата е англискиот.

 

 

Заинтересираните кандидати треба да го достават следново:

- Пополнета апликација

- CV

- Мотивационо писмо

Доколку се аплицира со проект:

-Синопсис

- Статус на продукција

Цената на работилницата изнесува 800 евра(со вклучен ДДВ)

Краен рок за аплицирање е 30 август, 2013

 

Подетални информации за условите и фромуларот за апликација на Maia Workshops