Македокс - Мастерклас за музиката во филмот

18/06/2013

Фестивалот за креативен документарен филм Македокс во соработка со Филмскиот фонд на Македонија организира мастер клас на тема: Музиката во филмот. Мастеркласот ќе биде предводен од страна на Лоренс Кеј, експерт за музички права, кој ќе се обиде да даде одговор на прашањата:

Каква музика ви е потребна за филмот? Колку е музиката важна во вашиот филм воопшто? Ќе платите вистински музичари? Како да направите музички буџет и да не го потрошите на други работи? Ќе издадете ли саундтрак од филмот? Можете ли самите да ги договорите правата за филмската музика?

Лоренс Кеј е експерт за музички права со долгогодишно искуство во музички компании како Virgin Records, Universal Misic Publishing, воедно во последниве девет години е и активен предавач работилниците за продуценти  во склоп на EAVE (European Audiovisual Entrepreneurs).

Мастеркласот ќе се одржи на 20.06.2013 (четврток) со почеток во 11.00 часот во Куршумли Ан.

Влезот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани.