МакеДокс организира мастерклас за продукција

17/06/2014

 

 

Фестивалот за креативен и документарен филм МакеДокс, кој се одржува од 14-20 јуни, во склоп на своите актвиности организира и мастерклас на тема Продукција, предводен од страна на продуцентот Катриел Шори. Катриел Шори, под чиј потпис стојат над 200 долгометражни филмови, ТВ драми и меѓународни копродукции ќе го сподели своето искуство со сите фестивалски гости и заинтересирани продуценти од Македонија во двочасовно предавање. Кетриел во 1999 година ја презема улогата на извршен директор на Израелскиот филмски фонд и оттогаш активно го поддржува и унапредува израелскиот долгометражен филм.

Работилницата ќе се одржи на 20ти јуни, во Куршумли Ан, со почеток во 11 часот.

Влезот е отворен за сите заинтересирани.

Повеќе информации на http://makedox.mk