МакеДокс – Работилница за документарен филм

17/05/2012

 

 

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс  во соработка со Јавна соба организира  петдневна работилница (12-16 јуни 2012) насловена  „Документарната продукција од А до Ш“, под туторството на наградуваниот експерт за филмска продукција, Кармен Кобос.

 Петдневната програма на работилницата ќе ги опфати сите чекори во продукцијата на документарен филм, почнувајќи од идеја и тритмент до промоција и меѓународна продажба. Работилницата е отворена за сите заинтересирани студенти и професионалци, кои во моментот работат на документарен филм.

 Сите заинтересирани кандидати е потребно да го пополнат следниов Формулар и да го испратат на  festival@makedox.mk  најдоцна до 25 мај (со назнака на е-мејлот „Работилница за продукција„).

 Секој избран кандидат (освен оние од Скопје) ќе треба однапред да учествува во трошоците за сместување во висина од €100.

 За подетални информации, контактирајте на andrijana.papic@gmail.com.