МакеДокс стартува во петок

13/06/2012

  

Во петок започнува третото издание на фестивалот за креативен и документарен филм МакеДокс, кој ќе трае до 22 Јуни, со проекции во Куршумли ан, Детскиот театарски центар и Кинотеката на Македонија. Фестивалот ќе прикаже 62 филмови од областа на светската документарна продукција,  поделени во пет програмски целини, од кои три натпреварувачки – главна програма, нови автори и програма за деца и млади, со ревијални прикажувања на балкански документарци и краткометражни документарни филмови.

Освен официјалните награди, фестивалот воведува и две награди за филм со најдобри етички идеи и најдобра презентација на човекови права. Годинешниот авторски фокус ќе биде свртен кон делото на култниот српски режисер Желимир Жилник, кој воедно ќе одржи и мастерклас во рамките на фестивалот.

Покрај богатата понуда на работилници, дискусии и изложби , фестивалот годинава ќе претстави и дел од  богатото творештво на доајенот на македонската фотографија и филмографија, Благоја Дрнков и на двајца современи автори-документаристи, Томислав Георгиев и Огнен Теофиловски.

 

Подетално за фестивалската програма, ОВДЕ