Македонија во фокус на Детскиот филмски фестивал во Сиетл

27/01/2014

Оваа година  Детскиот филмски фестивал во Сиетл  ја стави Македонија во фокусот со прикажување на 5 кратки играни филмови наменети за младата публика поддржани од Филмскиот фонд на Македонија, како и еден документарен филм произлезен од Школата за креативен документарен филм Актив.

Покрај тоа, на фестивалот ќе бидат прикажани и филмови на Браќата Манаки кои дигитално беа реставрирани со проектот на Кинотеката на Македонија. Филмовите на Браќата Манаки ќе бидат придружувани со македонска музика во изведба на Драги Спасовски и Давид Билдес.

Драги Спасовски и Давид Билдес работат од 1996 година преку Izvor Music (izvormusic.com) ја промовираат Македонската и Балканската музика, а објавиле и 56 подкасти насловени како Македонски разгледници кои се објавени на 3 ЦД

Во програмата на фокусот на Македонија ќе бидат прикажани следните филмови:

„Бардо“ на Марија Апчевска
„Жарче“ на Томислав Алексов
„Образ“ на Стефан Сидовски
„Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски
„Game Over“ на Зоран Мишевски
"Spring in Summer" на Един Алија, Мила Радоњиќ и  Вања Ристич (Школа за креативен документарен филм Актив)

Филмскиот фонд на Македонија воспостави соработка со Elizabeth Shepherd, директор на Детскиот фестивал од Сиетл минатата година при одржувањето на првиот Македонски фестивал за деца и млади Џифони Македонија.


Повеќе информации  за фестивалот, ОВДЕ


 Интервју на  Elizabeth Shepherd  за програмата од Македонија:

"Your "Spotlight on Macedonia" program includes some silent films from the earliest days of cinema. How do you seek out works like this? "

I was lucky enough to be invited to attend the first ever Giffoni/Macedonia Film Festival this year. It was a collaboration between a very big Italian film festival for kids, the Giffoni Experience, and the Macedonian Film Fund, held in Skopje, Macedonia. It was a brilliant festival — the films were great and there were also so many activities for kids, everything from ballroom dancing to creating their own video games.

But there was a program of recent films made by Macedonian directors that caught my attention. [For our Macedonian showcase] I decided to pair it with some of the earliest film images ever made in the late 19th and early 20th century, by Yanaki and Milton Manaki, two Macedonian brothers who were pioneers of the cinema in the Ottoman Empire. During the silent film portion of the program, we've invited two fantastic Balkan musicians to accompany the films. Because the new films are a bit serious, we've rated it for ages 14 and older... ПОВЕЌЕ