Македонски Филмови на 25то издание на филмскиот фестивал во Трст, Италија

20/01/2014

На 25 тото издание на  фестивалот во Трст, Италија (Trieste, 17-22 Јануари  2014) Македонија се претставува со повеќе филмски проекти.
Во официјална кункуренција на документарни филмови учествува филмот „Мама Европа“ на Петра Селишкар, а во конкуренцијата на кратки филмови, анимираниот филм „Алерик“ на Вук Митевски. Во склоп пак на филмскиот маркет WEMW (WHEN EAST MEET WEST) ќе биде претставен дебитантскиот филмски проект на Ѓорче Ставревски „КРАНИ“, кој е еден од дваесетината кои се селектирани во конкуренција од преку 200 пријавени проекти.
На филмскиот маркет каде што се поканети филмските фондови од Бенелукс како земји во фокусот, а целта е тие да се сретнат со проектите од источна Европа и да се развијат пошироки филмски копродукции.
Во склоп на официјалните презентации, на овој филмски Маркет, за филмската дејност, новиот закон и новата Агенција за филм на Македонија ќе говори директорот Дарко Башески.

 

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ