Македонски ден во склоп на 45то издание на Giffoni Experience

23/07/2015

Вo текот на вчерашниот ден кој беше посветен на Република Македонија во склоп на  45 издание на Giffoni Experience, Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмска култура Џифони-М ја преставија македонската кинематографија преку ревија на краткометражни филмови, промотивен материјал, забава со македонска музика наменета за младите дел од интернационалното жири на фестивалот и забава со македонски производи наменета за делагациите од повеќе од 30 земји присутни на фестивалот.

 

Ревија на македнонски кратки филмови

Во склоп на ревијата на краткометражни филмови се прикажаа следниве филмови:
„Вистинската прказна за Хансел и Гретел“ на Гоце Цветановски
„Внатре“  на Иван Ивановски;
„Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија и
„Game Over“  на  Зоран Мишевски

 

Забава во Паркот Холивуд наменета за младите присутни на фестивалот


Во 21:00 часот во Пракот Холивуд младите од Република Македонија беа домаќини на забавата на која беа присутни сите млади кои се составен дел од меѓународното жири составено од 3.500 деца од повеќе од 50 земји од светот. Младите во текот на еден час имаа можност да уживаат во македонската музика, видеата создадени од Џифони Македонија, промотивните материјали во облик на бумеранг со постерот од фестивалот како и македонските производи на Капри.

 

Специјална вечер посветена на Македонија

Во 21:30 часот во манастирскиот комплекс кој датира од 13 век се одржа специјалната вечер посветена на воспоставеното пријателство со Џифони Македонија. Нашата земја освен со присуство на делегацијата вооедно преку штанд ги престави и македонските производи: виното од Винарија Тиквеш, автентичните производи од МАМАС и македонското сирење

 


На денот посветен на Република Македонија присуствуваа Г-ѓа Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура, Г-дин Оливер Шамбовски, Амбасадор на Република Македонија во Италија и Максимо Белели, Амбасадор на Република Италија во Македонија. Делегацијата од Република Македонија во текот на денот одржа средби со  Клаудио Губитози, основачот и уметнички директор на Giffoni Experience, Пиеро Риналди, претседателот на Giffoni Experience и Паоло Русомандо, Градоначалниот на Џифони (Giffoni Valle Piana).

 

Делегацијата од Република Македонија, воедно имаше и гостување во живо на регионалната телевизија, ги проследија активностите на фестивалот, оствари средба со 12 млади од нашата земја кои оваа година се дел од интернационално жири како и беа присутни на забата посветена на Македонија.

 

 

Самит посветен на младите и медиумите

Денес, на последниот ден во рамките на Самитот посветен на младите и медиумите, кој беше наменет за презентација на идеи и проекти за заедничка соработка помеѓу членките на  новоформираната мрежа „Y planet”, Дарко Башевски, директор на Агенцијата за филм на РМ преку презентација говореше за веќе воспоставената соработка со Giffoni Experience, реализираните и идните проекти под брендот на Џифони наменети за младите, како и кои се можностите за воспоставување на соработка помеѓу другите членки на мрежата.