МакеДокс - Работилница за груба монтажа

20/04/2012

                                                           

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс организира  петдневна работилница за груба монтажа на креативни документарци под менторската палка на наградуваниот дански монтажер Џаспер Осмунд. Работилницата ќе трае пет дена (16-29 Јуни) и ќе се одржи во Детскиот театарски центар а петдневната програма ќе опфати три аспекти : структура, карактери и суптилно штимање притоа нудејќи длабока анализа и увид во вештината на филмската монтажа.

 Сите заинтересирани кандидати е потребно да го пополнат следниов Формулар и да го испратат на  festival@makedox.mk  најдоцна до 10 мај заедно со линк од нивниот титлуван грубо измонтиран материјал на Вимео, јутјуб или друг сличен вебсајт (со назнака на е-мејлот „За работилницата за монтажа„). Секој избран кандидат ќе треба однапред да ги покрие основните трошоци за работилницата во висина од 100.

Работилницата ќе почне и ќе заврши со прикажување на материјалите на секој учесник.