„Мама Европа“ на репертоарот на кино Фросина

16/05/2014

Документарниот филм „Мама Европа“, во режија на Петра Селишкар, од 18 мај (недела) ќе биде на репертоарот на кино Фросина во МКЦ, со проекции од 20 часот.

Мама Европа” е документарен филм кој ја разгледува Европа низ очите на шестгодишното дете Терра. Родена на Балканот, но израсната како граѓанин на светот  малата Терра патува низ бивша Југославија со семејството и се среќава со разни маркантни личности кои ги раскажуваат своите интересни приказни. Воедно, и таа ги кажува своите невини, но интелигентни согледувања и искуства за континентот кој не е обединет, а треба да биде.

Филмот е копродукција со Словенија, Хрватска и Македонија, во режија на Петра Селишкар, со македонска премиера на Фестивалот за креативен документарен филм МакеДокс,  а досега бил прикажан и на бројни фестивали ширум светот како ZagrebDox, International Film Festival Rotterdam, Trieste Film Festival и многу други.