Манчевски како ментор на 23от Белградски Авторски филмски фестивал

07/12/2017

 

Во рамките на 23от Авторскиот филмски фестивал кој се одржа од 27ми ноември до 3ти декември во Белград успешно заврши третиот модул на тренинг програмата FIRST FILMS FIRST на која македонскиот режисер  и добитник на Златен Лав, Милчо Манчевски одржа мастер клас на тема насочување на актери. За време на интензивните 7 дена од програмата, учесниците на ФФФ под менторство на Манчевски работеа на нивните први долгометражни филмови.

Во соработка со актерите Никола Ракочевиќ и Милица Стефановиќ, Манчевски го демонстрирал својот метод на режирање на ликови низ практичен пример на градење на една сцена од почеток до крај. На снимањата биле вклучени 22 локални филмски актери и 35 членови на екипата.