Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Манчевски избран за претседател на жирито на Белградски Фест, Бикини Мун со американска премиера на Синеквест и прикажување на Софија Филм Фест

16/02/2018

 

 

Македонскиот режисер, сценарист, фотограф и уметник Милчо Манчевски кој живее и работи во Њујорк е избран за претседател на жири-комисијата во главната програма на 46. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белрад кој ќе се одржи од 23 февруари до 3 март оваа година. „Бикини мун“ ќе се прикажува во рамки на селекцијата „ФЕСТ претставува“.

Петтиот игран филм „Бикини мун“ на Манчевски ќе ја има и својата американска премиера на фестивалот „Синеквест“ во Силиконската Долина, со проекција на 3 март оваа година. Светската премиера на „Бикини мун“ се одржа во октомври 2017 година на филмскиот фестивал во Сао Пауло, Бразил. По премиерата, бразилските медиуми беа преполни со пофалби за новото остварување на Манчевски.

„Бикини мун“, копродукција меѓу САД, Германија и Канада, исто така ќе биде прикажан и на годинешниот, Софија Филм Фест кој ќе се одржува од 8ми до 18ти март, по 22ри пат, а Манчевски се најавува како еден од најуспешните режисери на Балканот.