„Пред дождот“ на Милчо Манчевски, предмет на нова книга

04/07/2011


Првиот филм на Манчевски, Пред дождот е предмет на новата книга, ро оригинален наслов: "War Film on the Balkans: Milcho Manchevski’s 'Before the Rain' with the Aspect of Self-Exoticism" ("Kriegsfilm am Balkan: Milcho Manchevski 'Before the Rain' mit dem Aspekt des 'Selbstexotismus'"). Авторот Sabine Bubits, го посочува прашањето за вината и каењето и "вечната потрага по идентитет", заклучувајќи дека "Пред дождот не е филм за војната, но тој покажува  дека луѓето се во постојан конфликт со живот. Тој е враќање на вечните теми: љубовта и смртта."
За повеќе информации: www.manchevski.com