Ретроспектива на Милчо Манчевски во Виетнам

11/12/2012

Кинотеката во Ханој организира ретроспектива на филмското творештво на режисерот и сценарист Милчо Манчевски.  Во главниот град на Виетнам неговиот опус се прикажува на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември.  Притоа, на покана од Кинотеката, Манчевски ќе оствари средби и разговор со виетнамските љубители на седмата уметност, а веднаш потоа, како гостин на Државната филмска академија на Виетнам, Манчевски ќе одржи предавање и проекција за студентите на Виетнамската Академија.
Ова е прв пат македонски филмови да се прикажуват во Виетнам.
 Филмовите на Манчевски и се познати на азиската публика, тие се прикажувале на низа филмски фестивали во Токио, Тајпеј, Хонг Конг, Шангај, Гоа, Керала.