Милчо Манчевски во жирито на Филмскиот фестивал во Венеција

19/07/2012

Меѓународно признатиот режисер Милчо Манчевски е избран да биде дел од меѓународното жири на програмата Хоризонти на годинешното 69то издание на Филмскиот фестивал во Венеција, кој ќе се одржи од 29 август до 9 септември. Претседател на жирито е италијанскиот актер Пјерфранческо Фавино.

Програмата Хоризонти вклучува селекција на филмови кои ги претставуваат најновите трендови и компоненти на современиот филм  со цел откривање и демонстрирање креативна оригиналност.

Дебитантскиот филм на Манчевски „Пред дождот“ триумфираше  на Филмскиот фестивал во Венеција од 1994 г. освојувајќи ја   наградата Златен Лав  додека пак „Прашина“ ја имаше честа да го отвори фестивалот во 2011 г.