Милчо Манчевски и Билјана Гарванлиева во жирија на Филмскиот Фестивал во Сараево

26/07/2011

 

Режисерите Милчо Манчевски и Билјана Гарванлиева оваа година се членови на жири во две категории на Сараевскиот филмски фестивал кој се одржува во период од 22 до 30 јули. Милчо Манчевски е претседател на жирито за краток филм, а за наградата "Срцето на Сараево" ќе одлучува заедно со Жан-Кристоф Бержон, уметнички директор на Недела на критиката во Кан и ликовниот уметник Ерзен Школоли од Косово. Бијлана Гарванлиева, која минатата година ја освои наградата за најдобар документарен филм за "Шивачките" на фестивалот, ќе помогне во изборот на најдоброто документаристичко дело. Други членови на жирито ќе бидат Лучано Баризоне, директор на фестивал во Швајцарија и Дејвид Риф, американски новинар. Новиот филм на Манчевски, "Мајки" ќе биде прикажан на фестивалот на 26 јули во програмата "Во фокус", која нема натпреварувачки карактер.

Sarajevo Film Festival 2011