Филмот „Мајки“ во режија на Милчо Манчевски награден на Фестивал во Нови Сад

27/06/2011

 

Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски ја освои наградата ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) на Интернационалниот Филмски Фестивал Синема Сити, кој се одржуваше од 18-ти до 25 јуни во Нови Сад. 
Филмот „Мајки“ неодамна победи и на белградски ФЕСТ. Светската премиера ја имаше во Торонто минатиот септември, а гала-европската премеира во престижната програма „Панорама” на Берлинале 2011 и беше македонски кандидат за „Оскар“


Дневник: „Мајки“ награден на фестивал во Нови Сад

 

Повеќе информации за филмот  „Мајки“