Милчо Манчевски на конференција во Ватикан

01/12/2011

Режисерот Милчо Манчевски во период од 1ви до 3ти декември ќе учествува како централен излагач на академска конференција под наслов „Филм и вера“, што се одржува во Ватикан во Папскиот латерански универзитет. Излагањето на Манчевски е насловено „Вистина и фикција, уметност и вера”, тој е поканет од Ватикан поради неговите досегашни синеастачки и есеистички остварувања. Заедно со Манчевски излагања ќе имаат и ректорот на универзитетот Монсињор Енрико дал Коволо, директорот на Националната канцеларија за општествени комуникации Монсињор Доменико Момпили, критичарите Џанлука Арноне и Карло Катриан, професори на католичкиот универзитет во Рио де Женеиро. Филмот „Мајки“ пред три дена беше прикажан на филмскиот фестивал во Гоа, Индија. По конференцијата во Ватикан, Манчевски повторно ќе се врати во Индија, на филмскиот фестивал во Керала.

 

Дневник: „Манчевски на конференција во Ватикан“

Алфа ТВ: „Манчевски на конференција во Рим“

Плус Инфо: „Манчевски на конференција во Рим“