Мобил Филм Фестивал во Скопје и Битола

01/11/2012

Третото издание на меѓународниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон ќе се одржи на 5,6 и 10 ноември во Скопје и Битола под мотото „Секој може“.
На фестивалот ќе бидат прикажани филмови во три селекции: главна, интернационална и регионална, каде освен филмови од Македонија ќе бидат прикажани и филмови од Италија, Египет и Хрватска.
Како новитет годинава е Џуниор Мобил Фестивал на кој учениците од основните училишта ќе се натпреваруваат во посебна џуниор селекција а планирано е да се одржат и филмски работилници за употребата на новите технологии како креативни алатки за филмско изразување.
Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ