„Споменик на Мајкл Џексон“ на Филмскиот фестивал во Пула

16/07/2014

   

Долгометражниот филм „Споменик на Мајкл Џексон“, копродукција меѓу Хрватска, Македонија, Германија и Србија, по сценарио и режија на Дарко Лунгулов ќе биде прикажан на Филмскиот фестивал во Пула, Хрватска. Фестивалот се одржува во период од 12-26 јули.

Филмот ќе се натпреварува во Хрватската програма, и ќе биде прикажан на 22 јули.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Борис Миливојевиќ и Драган Бјелогрлиќ а една од главните улоги толкува и македонскиот актер Тони Михајловски. Својата светска премиера ја доживеа на овогодинешното издание на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, во програмата „Источно од Западот“.

Проектот е поддржан од Агенција за филм на Р.Македонија.