„Споменик на Мајкл Џексон“ награден во Виена

20/10/2014

    

„Споменик на Мајкл Џексон“ во режија на Дарко Лунгулов го доби Специјалното признание на жирито на филмскиот фестивал Let’s Cee во Виена.

Во образложението на жирито се вели дека филмот ги маѓепсал со живописната приказна од Србија во која сериозната тема со оригинален заплет и сјајно изнијансирани актерски остварувања се трансформира во големо задоволство за публиката. Филмот ја доживеа својата светска премиера на филмскиот фестивал во Карлови Вари, а беше прикажан и на фестивалот во Херцег Нови, каде ја доби наградата „Златна мимоза“, како и во Пула, Задар, Ниш, Хелсинки, Лондон и Хамбург, а наскоро ќе се прикаже и на фестивалот „Златен портокал“ во Анталија.

Македонски продуценти на филмот се Дрим фактори  и АКА филм.