„Споменик на Мајкл Џексон“ награден на фестивал во Русија

10/07/2015

„Споменик на Мајкл Џексон“ во режија и сценарио на Дарко Лунгулов ја доби наградата за најдобро сценарио на Филмскиот фестивал „ГЛАСОВИ“ кој се одржа во Вологда, Русија.

Ова е осма меѓународна награда за филмот по неговата светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари минатата година. Филмот е македонско/српска/германска/хрватска копродукција а на 22 и 24  се очекува да биде прикажан и на фестивалот Инди фест во Индијанаполис, САД.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија.