„Споменик на Мајкл Џексон“ со награда на фестивалот во Санта Барбара

09/02/2015

 

 

 

„Споменик на Мајкл Џексон“ (Србија/Хрватска/Германија/Македонија), во режија на Дарко беше прогласен за најдобар источноевропски филм на 30то издание на Филмскиот фестивал во Санта Барбара кој се одржа од 27 јануари до 7 февруари.

Ова е американска премиера на филмот кој беше прикажан во рамки на програмата „Источен блок“.

„Споменик на Мајкл Џексон“ се прикажа и на Филмскиот фестивал во Гетеборг, Шведска кој се одржа во период од 23 јануари до 2 февруари во рамки на програмата „Божествена комедија“.