„Споменик на Мајкл Џексон“ на фестивалот во Сараево

06/08/2014

Долгометражниот филм „Споменик на Мајкл Џексон“ ќе биде прикажан како дел од програмата Претпремиери на претстојниот Сараевски филмски фестивал кој ќе се одржи во периодот од 15-23 август.

Филмот е копродукција меѓу Хрватска, Македонија, Германија и Србија, по сценарио и режија на Дарко Лунгулов со Борис Миливојевиќ и Драган Бјелогрлиќ и македонскиот актер Тони Михајловски во  главните улоги.
 Својата светска премиера ја доживеа на овогодинешното издание на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, во програмата „Источно од Западот“ а беше прикажан и на филмскиот фестивал во Пула и Херцег Нови, каде освои Гран при за најдобар филм.

Проектот е поддржан од Агенција за филм на Р.Македонија.