Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Споменик на Мајкл Џексон“ и „Пресуда“ на Меѓународен филмски фестивал во Санта Барбара

16/01/2015

На триесеттото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, кој ќе се одржи во периодот од 27 јануари до 07 февруари, 2015 година, својата американска премиера ќе ја имаат и „Споменик на Мајкл Џексон“ и „Пресуда“. „Споменик на Мајкл Џексон“ е хрватско-германска-македонско-спрска копродукција во режија на Дарко Лунгулов, а „Пресуда“ е македонско-бугарска копродукција во режија на Стефан Командарев. Двата филма се дел од официјалната натпреварувачка програма, во категоријата „Источен блок“.

На ова издание од фестивалот ќе бидат претставени вкупно 197 филмови од 54 земји од светот, од кои 23 ќе ја имаат својата светска премиера, а 52 својата американска премиера. 

„Споменик на Мајкл Џексон“во текот на месец јануари ке биде прикажан и во Индија на Меѓународниот филмски фестивал во Пуна во рамките на категоријата Глобал Синема, а следниот викенд ќе се прикаже во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Трст.

Во февруари „Споменик на Мајкл Џексон“  ќе земе учество во натпреварувачката програма на Фестивалот на филмска комедија во Монте Карло, Монако.