Филмски фестивал во Мотовун : Отворен повик за аплицирање

31/05/2012

 

Меѓународниот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 28ми Јули до 1ви август 2012 г. во Мотовун, Хрватска, објави отворен повик за аплицирање во програмата „Motovun Shorts“.

Заинтересираните кандидати  потребно е да ги испратат своите краткометражни или анимирани филмови (реализирани во последните 20 месеци и не подолги од 15 мин.) најдоцна до 20ти Јуни , 2012 г.

Сите потребни информации како и пријавата за апликација можат да се најдат на официјалната веб страна на фестивалот.