Филмови и работилници со "Џифони Патува" во Штип

01/12/2016

 

Giffoni Патува-Штип

 

На 25 и 26 ноември, младите штипјани имаа неповторлива можност да бидат дел од фестивалската магија на Џифони патува и да проследат дводневна програма богата со активности.

 

Во текот на дводневната програма во Штип беа прикажани австралискиот филм „Заспана девојка“ и американско-францускиот филм „Утре е нов ден“.

 

Истовремено, за околу 150 млади од средните училишта во Штип во едукативниот дел од програмата се одржаа две работилници: работилница за креативна фотографија под наслов „Фото Приказна“ и работилница за филм „Од идеја до премиера“.

 

Проектот Џифони Патува е поддржан од Агенцијата за Филм и Џифони Експириенс и е во заедничка организација со Општина Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, каде што се одржа и самиот настан, поточно во просториите на Економскиот факултет и Филмската Академија.