Музичкиот документарец „Мојот превртен свет“ на фестивалот Синема Верите во Техеран

07/12/2017

 

Документарниот филм „Мојот превртен свет“ (“My World Upside Down”) на Петра Селишкар (режија/сценарио/продуцент) и Бранд Феро (директор на фотографија), ко-продукција меѓу Македонија, Словенија и Хрватска, влезе во официјалната селекција на 11-то издание на Меѓународниот документарен филмски фестивал Синема Верите во Техеран, Иран кој ќе се одржи од 10ти до 17ти декември 2017та година.

Музичкиот документарен филм е базиран на работата на уметникот Фране Милчински – Јежек, словенечкиот Чарли Чаплин. Филмот досега се закитил со награди на MakeDox, SeeFest и LIFFE.