“Мојот брат Лазар” и “Намини бар еднаш” добија Грантови од SEE Cinema Network

08/11/2011

На Генералното собрание на SEE Cinema Network (Мрежа на филмски институции од Југоисточна Европа) кое се одржа денес (08.11.2011 год.), секоја земја членка (9 членки) меѓу кои и претставник од Филмски Фонд на РМ претставија по два апликанти за грант во износ од 7.500 евра за развој на регионална ко-продукција и грант во износ од 8.000 евра за продукција на кратки филмови.

Од Македонија грантот го добија:

- Грант во износ од 7.500 евра за филмскиот проект “Мојот брат Лазар” во режија на Светозар Ристевски, во продукција на Small Moves

- Грант во износ од 8.000 евра за филмскиот проект “Намини бар еднаш” во режија на Косара Митич, продукциска куќа Скопје Филм Студио

 

Курир: „Два филмски проекти од Македонија добија грантови“

МИА: „Два филмски проекти од Македонија добија грант на состанокот на Мрежата на филмски институции од ЈИЕ“