Најголемиот детски Филмски фестивал GIFFONI EXPERIENCE презентиран во Скопје

05/10/2012

Во Скопје на 5ти и 6ти октомври г-дин Клаудио Губитози - Директорот на најпознатиот детски филмски фестивал во Светот GIFFONI EXPERIENCE го презентира овој фестивал во Макединија.

Филмскиот фестивал Џифони се раѓа во 1971 година од една идеа на Клаудио Губитози: да ја запознае детската публика со филмот и да го промовира , издигнувајќи го, од маргиналната позиција во која се наоѓа во тој период,  на едно соодветно ниво.
Едноставно кажано младиот Губитози се обидува да поттикне и стимулира еден амбиент кој е во недостиг на културни иницијативи и да направи нешто различно за својот крај.
Основниот елемент што е и нивниот носечки столб е жирито кое е составено само од деца. Во текот на годините бројот на членовите на жирито достигнува и до 3000 деца, а палетата на земји учеснички  до 50, вклучувајќи ги сите континенти.
Децата од жирито се на возраст од 3 до 18 години, поделени според нивната возраст во 6 категории што се дел од официјалната програма, а на коишто се додава и категоријата наречена Masterclass која е посветена на практични часови за филм.
Robert De Niro, Oliver Stone, Meryl Streep, Jeremy Irons, John Travolta, Wim Wenders, Meg Ryan, Kathy Bates, Krzystof Kieslowsky, Roman Polanski, Danny de Vito, Naomi Watts, Christina Ricci, Winona Ryder, Susan Sarandon, Samuel L. Jackson се само дел од многуте интернационални гости на фестивалот во текот на 40 години работа. Целосниот список на гости ги вклучува речиси сите најеминентни имиња од светот на италијанскиот филм во последните 4 декади.

Повеќе информации за фестивалот:  www.giffonifilmfestival.it