Ново издание на Мобил Фест 2011

21/11/2011

Вечерва (21.11.2011) со почеток во 19 часот во ЕУ Инфо Центарот (ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52в) ќе се одржи Вториот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон. Манифестацијата е во организација на КТ Филм & Медиа, а под покровителство на Операторот ОНЕ, Европската делегација во Македонија и Словачката амбасада во Република Македонија.

 

Во рамките на фестивалот, ќе се прикажат дваесетина филмови во рамките на интернационалната програма, како и селектираните од пријавените филмови, кои ќе се натпреваруваат за главната награда "Лале" за најдобар филм, во чест Ратка Илиевска - Лале, која сиот свој живот го посвети на филмот и преку својата работилница „Едвуд“ едуцираше огромен број филмаџии, писатели, уметници.

 

Повеќе информации можете да најдете на http://www.mobilefestival.net/

 

Вечер: Фес­ти­вал на фил­мо­ви сни­ме­ни со мо­билен

Дневник: Фестивал на филмови снимени со мобилен

Вест: Втор фестивал на филмови снимени со мобилен телефон

Курир: Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон

MИА: Втор меѓународен фестивал на филмови снимени со мобилен телефон