Македонска премиера на „Бикини Мун“, специјална награда од жирито на Фантаспорто, Португалија

16/03/2018



На 22 март со почеток во 20 часот во кино Милениум ќе биде премиерата на „Бикини Мун“, најновиот американски филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

На 38. Меѓународен филмски фестивал Фантаспорто кој се одржа од 20ти фебруари до 4ти март во Порто, Португалија, филмот на Манчевски ја освои специјалната награда од жирито.

„Бикини Мун“ вчера беше премиерно прикажан и на Меѓународниот филмски фестивал во Софија, Бугарија, во програмата „Мастери“, а пред тоа и на ФЕСТ во Белград. Деновиве следуваат фестивалите во Сарасота (Флорида), во Истанбул, Филмскиот Фестивал Менхетен (Њујорк), во Франкфурт (Германија) и Нешвил во мај.