Дали сте млад филмски професионалец? Сега е полесно да се приклучите на Европската филмска академија!

16/03/2018

                           

Минатото лето Европската филмска академија започна кампања за млади европски филмски професионалци под 36-годишна возраст да станат членови со намалена годишна членарина (100 евра наместо 200 евра додека наполнат 36 години). Критериумите за членство се следните:

-Филмски професионалци под 36-годишна возраст (режисер, продуцент, сценарист, кинематограф, уредник, композитор, итн.)

-Европеец по раѓање или државјанство (вклучително Израелци и Палестинци)

-Еден долгометражен филм (70+ минути, игран, анимиран, документарен) кој имал официјално прикажување во редовна, меѓународна секција на компетитивен европски филмски фестивал акредитиран од FIAPF

-Еден поддржувач  од ЕФА членството (http://www.europeanfilmacademy.org/Members.44.0.html?&no_cache=1)

Повеќе за оваа кампања на следниот линк: https://www.europeanfilmacademy.org/fileadmin/user_upload/MAIN-dateien/pdf-downloads/EFAYoungMembersCard2018.pdf

Информации за тоа како да аплицирате за редовно членство во Европската филмска академија, како и соодветните формулари за апликација можете да ги најдете тука: https://www.europeanfilmacademy.org/How-to-join.47.0.html.

Можете лесно да ги проверите актуелните членови на Европската филмска академија од Македонија тука: http://www.europeanfilmacademy.org/Members.44.0.html?&no_cache=1.