Отворен повик за аплицирање за „Emerging Producers 2019“

16/03/2018

                                                                                  

Ве информираме дека седмото издание на промотивниот и едукативен проект “Emerging Producers” ќе се одржи од 25-ти до 30-ти октомври во Јахлава и од 4-ти до 8-ми февруари во Берлин во 2019 година.

Главната цел на програмата е да ги поврзе талентираните европски продуценти со други филмски професионалци, особено оние кои работат во областа на документарната кинематографија. Проектот, исто така, треба да им овозможи на учесниците лесен пристап до информации во областа на аудиовизуелната индустрија, подлабока и поширока ориентација на пазарот на филмови со што ќе им помогнат да воспостават контакти со продуценти од други земји, а со тоа би се зголемил потенцијалот на идните европски ко-продукциски проекти.

Повеќе информации на следните линкови: www.emergingproducers.com и https://www.facebook.com/events/2047432238876083/