Ник Холсворт ќе одржи презентација на совети и трикови за промоција на филмови

17/11/2014

Фестивалот на европски филм - „Синедејс“, како дел од својата придружна програма ќе понуди и работилница предводена од Ник Холсворт на тема:Презентација на совети и трикови за промоција на филмови. Работилницата ќе се одржи на 18ти ноември, во Младинскиот културен центар.

Ник Холдсворт, дописник од Москва кој повеќе од 20 години известува од Русија и Источна Европа и експерт во меѓународната филмска индустрија, ќе разговара со новинари и филмски работници. Ќе ги понуди своите ексклузивни совети на надежните филмски новинари за како подобро да ја покриваат областа и нивните текстови да бидат објавувани во локалните, националните и меѓународните публикации. Ќе објаснува како продуцентите и режисерите можат да привлечат рекорден публицитет за своите проекти со тоа што ќе имаат разбирање за потребите и барањата  на публикациите на филмскиот пазар и на новинарите.