„Ноќен живот“ на Дамјан Козоле награден на фестивалот во Карлови Вари

11/07/2016

 

Словенечкиот режисер Дамјан Козоле ја доби наградата „Златен глобус“ за најдобра режија за филмот „Ноќен живот“ на годинешното 51. издание на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари (01-09.07.2016 год.). Филмот, кој е копродукција меѓу Словенија, Македонија (Сестри и брат Митевски) и Босна и Херцеговина, беше дел од главната селекција на фестивалот и својата светска премиера ја имаше на 06 јули.

Воедно, во рамки на фестивалот во програмата „ East of the West“  беше прикажан и долгометражниот игран филм „Доме слатки доме“ кој е  косовско-македонска копродукција,

Филмот „Реквием за г-ѓа Ј“  на режисерот Бојан Вулетиќ, копродукција помеѓу Србија, Бугарија и Македонија (Скопје Филм Студио) беше избран за најдобар филмски проект за програмата „Works in Progress“ и е добитник на награда во износ од 100.000,00 евра која што е комбинација на постпродукциски услуги и  парична награда.

Филмовите се поддржани од Агенција за филм на Република Македонија како малцински копродукции.