Започнува Меѓународниот филмски фестивал ОДА во Тетово

27/05/2014

      

Денес започнува третото издание на Меѓународниот филмски фестивал ОДА во Тетово, кој ќе трае до 31 мај. Свеченото отворање ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“. Фестивалската програма е поделена во два дела, со проекции на 31 краткометражни и долгометражни филмови од 21 земја, селектирани од над 900 пријави од целиот свет. „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски со Никола Ристановски во главната улога ќе биде прикажан во четврток.

Проекциите на филмовите ќе се одржуваат во кино салата во склоп на Факултетот за драмски уметности во Тетово. Влезот за сите проекции е слободен, а покрај проекциите ќе има и промоции на книги, работилници и дебати.

Подетално за филмската програма, ОВДЕ