Отворен повик за регистрација на New Arrivals: Go Short Campus 2016

04/12/2015

Отворен е повикот за регистрација на програмата New Arrivals: Go Short Campus што ќе се одржи во период од 5-10 април, 2016 година во склоп на Go Short - International Short Film Festival Nijmegen, Холандија.
 
Повикот е наменет за млади и надежни филмаџии кои ќе добијат можност преку мастер предавања, работилници и панел дискусии предводени од водечки експерти од индустријата да ги прошират своите знаења за финансиските аспекти од филмската продукција, дистрибуцијата и сл.
Предавањата ќе бидат водени од експертите Adrian Sitaru (Романија) и  Konstantina Kotzamani (Грција).

Котизацијата за учество изнесува 285 ЕУР.
 
Крајниот рок за регистрација истекува на 1ви јануари, 2016 година.
Повеќе информации за кампусот и програмата можете да најдете на следниов линк: http://goshort.nl/campus/