Отворен е повикoт за апликација на проекти „FEST Forward - Жени во филм“

27/12/2017

 

Филмскиот Центар на Србија и Европската аудиовизуелна мрежа на жени, ги повикуваат продуцентите да ги поднесат своите проекти на меѓународниот пичинг форум „Жени во филм“, кој ќе се одржи од 1 до 3 март 2018 година, како дел од копродукцискиот маркет FEST FORWARD на претстојниот 46-ти ФЕСТ во Белград, Србија.

Повикот е отворен за долгометражни играни или документарни филмски проекти од целиот свет, во која било фаза од развојот, под услов да се исполни еден од следните критериуми:

- Темата на филмот да е особено важна за жените

- Заплетот да се врти околу силни женски ликови

- Режисерот на филмот да е жена

Пријавата треба да ја поднесе продукциска компанија. Избраните проекти ќе се натпреваруваат за награда од 4.000 евра, која ја доделуваат Филмскиот центар на Србија и Европската женска аудиовизуелна мрежа. Крајниот рок за пријавување е 20 јануари 2018 година, до 12.00 часот, пријавата треба да биде поднесена на англиски јазик и испратена како единствен .pdf фајл на маил адресата: ffw2018@fcs.rs.

Името и видот на проектот треба да бидат јасно наведени во насловот на фајлот. Пријавата мора да содржи:

- Доказ за авторски права - копија од договорот на сценаристот или писмена согласност од творецот;

- Биографија и филмографија на режисерот;

- Биографија и филмографија на продуцентот;

- Профил на продукциската компанија;

- Синопсис или тритмен;

- Режиска експликација;

- Финансиски план;

- Преглед на буџетот.

За дополнителни информации, ве молиме контактирајте на ffw2018@fcs.rs или на телефонскиот број +381 11 26 25 131. Лица за контакт: Уна Домазетоски и Анѓелија Андриќ.