Отворен повик за TFL Audience Design Fund 2018

11/04/2018

 

Ве известуваме дека е отворен новиот повик за аплицирање за TFL Audience Design Fund 2018 чиј рок е 1ви јули 2018 година, 12 часот на пладне по централно европско време. Оваа шема ја комплетира сеопфатната поддршка од страна на TorinoFilmLab за аудиовизуелни професионалци низ целиот свет, додавајќи уште еден значаен чекор: ангажирање на публика и дистрибуција.

TFL Audience Design Fund се однесува на продуценти или селс агенти од една од земјите учеснички во потпрограмата МЕДИА, за да ја поддржат дистрибуцијата на игран филмски проект на три територии вклучувајќи најмалку еден ко-продуцент кој не е од пот-програмата МЕДИА и една земја која не е дел од Eurimages.

Во 2018 година, ќе бидат доделени вкупно 3 TFL Audience Design Fund награди од по 40.000 евра на компании кои претставуваат игран филмски проекти кој ги исполнува критериумите за селекција, кој ќе биде објавен на три територии заклучно со 31-ви декември, 2019 година.

За подетални информации, на следните линкови: http://www.torinofilmlab.it/news/541-tfl-audience-design-fund-now-receiving-applications
http://www.torinofilmlab.it/funding/tfl-audience-design-fund