Отворено 32то издание на ИФФК „Браќа Манаки“

17/10/2011

На 15ти Октомври 2011 со почеток во 19:30ч во големата сала во Центарот за култура во Битола се отвори 32-то Издание на Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на оваа манифестација. Тој ја врачи наградата „Златна камера 300“ за животно дело на италијанскиот кинематографер Данте Спиноти. Покрај Претседателот  Ѓорѓе Иванов  на свечената церемонија присуствуваа, министерот за одбрана Фатмир Бесими, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, владиката Петар, амбасадори, конзули.
Фестивалот го отвори филмот „Крвта што простува“ во режија на Џошуа Марстон.

Повеќе на www.manaki.com.mk